Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Беса 1976/23.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Марјан Ристовски Швајц ново име во нашиот прв тим

Крилниот играч Марјан Ристовски следната натпреварувачка сезона ќе го облече дресот на Брера Струмица. Управата на нашиот клуб и овој 27 годишен фудбалер се договорија да биде дел од нашиот тим и со стартот на подготовките за новата сезона, Ристовски ќе бидена располагање на нашиот стручен штаб предводен од Бојан Круљ.

Марјан Ристовски потекнува од Гевгелија а во својата кариера има настапувано за повеке македонски клубови. Тој во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.

Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.

,,Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, кажа Ристовски

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera vs Voska Sport Higlights
20.10.2024
Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Пораз во Скопје од Шкупи – немавме сила за ново реми
05.10.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.