Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

Фудбалерчиња на Брера Струмица садеа зимзелени дрвца околу теренот каде тренираат

По повод Денот на пролетта денеска младите фудбалерчиња на Брера Струмица родени 2016 година засадија зимзелени дрвца околу теренот каде што вообичаено тренираат. Станува збор за акција кој ја иницираше тренерот Никола Костадинов а зад која застанавме како Фудбалски клуб Брера Струмциа обезбедувајки ги потребните средства за садниците и организацијата за реализација и целата акција.

Засадени беа околу 20 тина зимзелени дрвца околу теренот каде вообичаено тренираат најмладите и го користат дечиња. Помош даде и ЈПКД  Комуналец од Струмица кои заедно со нашите млади фудбалерчиња упатија порака дека треба да се грижиме за животната средина.

,, Сакаме спорт со чиста и зелена животна средина. Сакаме да дадеме прионес во разубавувањето на овој спортски комплекс кој го користат сите струмичани. Сакаме  да укажеме на важноста од здрава животна средина. Од овде, сакам да апелираме и како клуб, и како млади спортисти до сите,  да направиме мал гест за природата и да засадиме дрвце или цвеќе,  да се грижиме за нив и да бидеме горди дека сме дале свој влог во иднината на нашата земја,, изјави Никола Костадинов

Ова не е прва акција на младите фудбалерчиња од ова генерација. Тие пред неполн месец ја чистеа трим патеката кон Св. Илија а нивната акција ја поздравија голем број струмичани.

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.