Фудбалерите на Брера заминаа на подготовки во Анталија – Турција

Фудбалерите од првиот тим заедно со стручниот штаб како и дел од управата на ФК Брера Струмица, денеска отпатуваа за Анталија -Турција каде ќе ја одработат втората фаза од подготвителниот период за пролетниот дел од првенствената сезона. Тие ќе бидат сместени во хотел ,,Хотеллa“ кој има и свој спортски комплекс, каде нашите момци ќе ги одработуваат тренинзите но ќе воигруваат одредени тактики.

Како што е познато, за време на престојот во Анталија договорени се четири контроли средби и тоа со  екипата на Верес од Украина на 26 јануари,  два дена подоцна со екипата на Черноморец Одеса, со екипата на Рух од Полска, мечот е закажан 30 ти јануари додека  контролките во Анталија ги заокружуваме со екипата на Атирај од Казахстан на 2 февруари.

Стручниот штаб предводен од Бојан Круљ одлучи за Турција да заминат вкупно 28 фудбалери од кои тројца голмани. Стратего Круљ како што и најави шанса ќе даде и на повеќе млади за што во Анталија отпатуваа и неколку фудбалери од младинскиот состав на ФК Брера.

  1. Марко Алчевски (Г)
  2. Филип Купанов (Г)
  3. Давид Илоски (Г)
  4. Александар Ристевски
  5. Агрон Руфати
  6. Стефан Наумчевски
  7. Мартинес Де Паула Кауан
  8. Георгије Јанкулов
  9. Андреј Аризанковски
  10. Нахуел Франко
  11. Андреј Велков
  12. Зоран Андонов
  13. Драган Стојков
  14. Горан томовски
  15. Лео Антонио
  16. Ибрахим Олаосебикан
  17. Мартин Ѓоргиевски
  18. Урош Стамениќ
  19. Даниел Миловановиќ
  20. Лука Георгиев
  21. Матеј Цветановски
  22. Џорџе Ивковиќ
  23. Димитар Трајков
  24. Давид Ристовски
  25. Марко Стоилески
  26. Филип Митев
  27. Живко Крстев
  28. Марио Костов

Со играчите, во делегацијата се и Јован Симиќ генерален директор, Ване Стојанов – тим менаџер, помошниците на  шефот на стручниот штаб Бојан Круљ: Душан Дошљак,Дарко Коцев, Кире Дрвошанов, Ѓорѓи Шопов, физиотерпевтите Мартин Димов и Горазд Манчев. Економот Боре Андонов, преставникот од ПР службата Никола Костадинов

По доаѓањето во Струмица како што најави Круљ планиран е уште еден натпревар како генерална проба пред стартот на пролетниот дел а името на противникот дополнително ќе се знае.

Фотогалеријата од заминувањето на нашите фудбалери за Турција можете да ја видите ТУКА

This site is registered on wpml.org as a development site.