Нашите фудбалерчиња од генерацијата 2013 го освоија турнирот „Фер плеј“ во Охрид кој се одржа изминатиот викенд. На турнирот учествуваа детски екипи од седум држави од Европа а нашите дечиња предводени од тренерите Љупче Пенев и Кире Ангеловски се искачија на врвот во конкуренцијата за фудбалери 2013 та.
Надежите на „АП Брера Струмица“ во сите мечеви доминираа а во финалето славеа против струшкиот Јанг Тим. Освен првото место, во ова генерација, нашите деца ги понесоа и наградите за најдобар голман и играч на турнирот „Фер плеј“.
Филип Петров беше избран за најдобар голман, додека Богдан Трајков за најдобар играч. Паралелно висок успех постигнаа и фудбалерчињата од генерацијата 2014 кои стасаа до четвртфиналето.