Генерацијата 2013 на нашиот клуб, го освоија првото место на турнирот „Фер плеј“ во Охрид

Нашите фудбалерчиња од генерацијата 2013 го освоија турнирот „Фер плеј“ во Охрид кој се одржа изминатиот викенд. На турнирот учествуваа детски екипи од седум држави од Европа а нашите дечиња предводени од тренерите Љупче Пенев и Кире Ангеловски се искачија на врвот во конкуренцијата за фудбалери 2013 та.

Надежите на „АП Брера Струмица“ во сите мечеви доминираа а во финалето славеа против струшкиот Јанг Тим. Освен првото место, во ова генерација, нашите деца ги понесоа и наградите за најдобар голман и играч на турнирот „Фер плеј“.

Филип Петров беше избран за најдобар голман, додека Богдан Трајков за најдобар играч. Паралелно висок успех постигнаа и фудбалерчињата од генерацијата 2014 кои стасаа до четвртфиналето.

This site is registered on wpml.org as a development site.