Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Голем интерес за крводарителската акција инцирана од ФК Брера Струмица – крв даруваа 48 струмичани

Вкупно 48 струмичани лубители на спортот и навивачки на нашиот клуб ФК Брера Струмица даруваа крв на акцијата што ја инициравме во соработка со Црвениот крст но и Службата за трансузиологија при струмичката болница. Уште во раните утрински часови симпатизери на клубот дојдоа во просториите на СРЦ Пандев за да ја покажат хуманоста но и да се видат со дел од стручниот штаб и фудбалерите на првиот тим.

,,Сакавме да го искористиме потенцијалот што го има нашиот клуб кој собира на едно место повеќе граѓани, навивачи и симпатизери и нивната љубов, освен кон клубот да ја насочиме и кон подобра иднина на нашата заедница. Затоа ја организиравме ова акција и можам да истакнам дека сум презадоволен од интересот. Се направи една убава симбиоза мегу крводарителите кои се наши симпатизери и навивачи  со фудбалерите, тренерите и можеа одблиску да се видат и разговараат на повеќе теми во врска со фудбалот, животот во Струмица. Мислам дека направивме добра работа и за клубот и за Струмица и за граѓаните, бидејки со акцијата ќе помогнеме некому односно со залихите на крв кои денес беа  собрани,, рече Јован Симиќ директор на ФК Брера Струмица кој заедно со фудбалерите на сите донори им подарија маици со логото на Брера како и влезници за мечот со Гостивар.

Акцијата ја поздравија и од Црвениот крст Струмица чии волонтери беа присутни во СЦ Пандев. Им преставува посебно задоволство што ФК АП Брера Струмица иницираше хумана акција со цел да се помогне некому.

,, Ни преставува задоволство што спортски клуб како што е ФК Брера Струмица направи една ваква иницијатива и ги повика нивните симпатизери и навивачи да бидат хумани. Изненадени сме од интересот и ова преставува одличен пример како еден спортски клуб може да ја потикне хуманоста и се обидува да направи добро дело во заедницата за да се спасуваат човечки животи ,, изјави Слободанка Чолакова.

Од Црвениот крст како и од Службата за трансфузиона медицина соопштија дека ова е една од најмасовните крводарителски акции последниве години што ја имаат спроведено.

ФК АП Брера Струмица изразува голема благодарност до сите кои денеска донираа крв но и до сите вклучени институции кои помогнаа да се реализира во СЦ Пандев

 

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.