Илоски, Ристов и Перески повикани за репрезентација на Македонија У- 17

Тројца наши фудбалери ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија У-17 за квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кој ќе се одржи во Малта. Селекторот на македонските фудбалски надежи Дашмир Беари од АП Брера Струмица ги повика Давид Илоски, Игор Ристов и Златко Перески. Тие заедно со останатите ќе бидат дел од подготовителниот и натпреварувачки дел за турнирот во периодот од 20 ти октомври до 1 ви ноември

Ова е нова потврда за квалитетот во работата во нашиот клуб посебно со младите фудбалери. Илоски, Ристов и Перески веќе подолг период со своите игри и настапи се наметнуваат како вистински потенцијали  не само за АП Брера Струмица туку и за репрезентативниот фудбал.

За потсетување од нашиот клуб  пред една недела беа повикани дури 8 фудбалери за младите репрезентации до 19 и 21 година од кои пет за селекцијата У-19.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) 08 03 2025
08.03.2025
Brera AP – Belasica (mladinci) i 29. 11. 24
29.11.2024
Brera AP – Belasica (Kadeti) 29 11 24
29.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.