Минимален пораз од Брегалница во Штип

Добрата игра не ја крунисавме со позитивен резултат во петото првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Во Штип претрпевме минимален пораз од екипата на Брегалница. Домаќините славеа со голот постигнат во 27 минута, кога Венегас успеа да го надмудри нашиот чувар на мрежата Алчевски. По примениот гол, до крајот на мечот посебно во второто полувреме имавме контуиниран притисок и доминација на теренот, но не успеавме да ги реализираме нашите шанси. не успеавме да го реализираме и досудениот пенал во 73 минута кога ударот на Врдољак беше одбранет од голманот Давков.

Следното коло сме домаќини на Работнички од Скопје

This site is registered on wpml.org as a development site.