Минимален пораз од Шкупи за крај на есенскиот дел од првенството

Нашиот сениорски состав со пораз ја заврши есенската етапа од прволигашкото првенство откако денеска на теренот на СЦ Пандев во Струмица  изгубивме од составот на Шкупи. Гостите од Скопје со голот на Трапановски на стартот од второто полувреме ги освоија трите бода од Струмица.

Во мечот влеговме без респект кон противникот, но шансите што ги создавме не ги реализираа Цветановски и Трајков а нашиот Марко Алчевски беше одличен во првото полувреме бранејки ги ударите од гостинските фудбалери.

Само што почнаа вторите 45 минути Сампајо проби по десната страна на теренот нафрли пред нашиот гол каде Трапановски ја смести од прва.  Во продолжение се обидовме да се вратиме во игра и да го израмниме резултатот но Шкупи одлично ги затвори сите приоди. Привремениот тренер Ѓорги Стојчев се обиде да внесе свежина во редовите на својот тим но Шкупи сепак се радуваше на трите бода.

Нашиот прв тим есенскиот дел од првенството го заврши на осмата место со вкупно 20 бода. По 18 првенствени кола имаме 5 победи исто толку нерешени исходи и осум порази.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

How to Get More Subscribers on YouTube – FREE LIVE CHANNEL REVIEWS
27.05.2025
https://youtube.com/clip/UgkxCR2WgY_NzZYkZel7Y2LLWWgA7HI0lUj0?si=SU7omjzU0hJh2dwL
27.05.2025
How to Get Your First 1000 YouTube Subscribers Fast – Step-by-Step Guide for Beginners #SEO
27.05.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.