Утре играме против Шкупи, со помош на публиката до позитивен резултат и бодови кои ни се доста потребни !

Нашиот прв тим утре на теренот на СЦ Пандев во Струмица го пречекува составот на Шкупи. Станува збор за натпревар од последното првенствено коло – есенска етапа, во кое нашите првотимци ќе ги предводи Ѓорѓе Стојчев откако клубот со Валенти се разделија на почетокот на оваа недела. Стојчев кој своевремно беше прв тренер на сениорите на клубот вели дека тимот е подготвен и со помош на публиката се надева дека утре ќе се радува.

,, После промената на Валенти на тренерската позиција во Брера, јас бев ангажиран да ја завршам последната недела од првенството и натпреварот против Шкупи. Фудбалерите максимално и посветено работеа на тренинзите. Сите играчи се мотивирани и подготвени за мечот. Посакуваме позитивен резултат против квалитетната екипа на Шкупи оти сме млада екипа во која има потенцијал и квалитет. Домашниот терен, публиката нека бидат голем поттик на целиот тим, па на крај да може да се радуваме сите заедно,, вели Стојчев кој ќе го предводите тимот на Брера за дуелот со Шкупи

Искусниот Александар Ристевски вели дека Шкупи е квалитетен тим против кој мора да се ,,изгине“ на теренот и да се освојат бодовите од овој меч и со победа да се заврши полусезоната.

,, Ни гостува една добра екипа како Шкупи кои се втори на табелата што говори за нивниот квалтиет. Имаат добри офанзивни играчи кои можат да направат разлика на теренот. Ќе биде тежок натпревар, последен за оваа година. Мора да се „изгине“ на теренот и да се освојат овие бодови, за тоа што ни се многу потребни и убаво ќе биде да се заврши полусезоната со победа“, вели Ристевски

 

This site is registered on wpml.org as a development site.