Брера Струмица и Џовани Валенти спогодбено го раскинаа договорот – против Шкупи тимот ќе го предводи Стојчев

Управата на „Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денес нема да го предводи првиот тим. Раководството на клубот на овој чекор се одлучи согласно постигнатите резултати на сениорскиот состав  во Првата фудбалска лига на Македонија од стартот на сезоната кои не се вклопија во амбициите и стратегијата на клубот. По извршените разговори и анализа на постигнатите резултати, со ваквата одлука се согласи и италијанското трио предводен од Џовани Валенти кои во Струмица пристигна со асистентот Микеле Кавали како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари.

,,Сакам да му се заблагодарам на господинот Валенти и неговите соработници за посветената работа во изминатите месеци. Донесовме заедничка одлука се во интерес на клубот. Нам сега ни преостанува што подобро да се подготвиме за последниот натпревар со екипата на Шкупи но и со предизвиците за вториот дел од сезоната. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Во последниот натпревар со Шкупи како вршител на должноста тренер екипата ке ја предводи некогашниот тренер на првиот тим Ѓорги Стојчев,, вели генералниот директор на клубот Јован Симиќ

47 годишниот Валенти кој во Италија има работено со младински погони на повеќе калчолигаши но и младите репрезентации на Италија, во нашиот тим пристигна во јуни годинава. Валенти максимално и професионално се посвети во работата со првиот тим при што внесе нов елан и енергија во играта на фудбалерите. Под палката на Џовани Валенти  нашиот сениорски состав забележа 5 победи исто толку нерешени исходи и 7 пораза. Со вкупно 20 бода се наоѓаме на 8 позиција на прволигашката табела.

Клубот му се заблагодарува на Џовани Валенти на соработката но и  му посакуваме  многу успеси во понатамошната кариера а благодарност упатуваме и до Кавали и Пегорари кои во клубот внесоа доста професионализам во изминатиот период.

 

 

This site is registered on wpml.org as a development site.