Минимален пораз од Тиквеш во Кавадарци

Сениорскиот состав на Брера претрпе пораз од Тиквеш на гостувањето во Кавадарци во рамките на 15 тото првенствено коло. На тешкиот терен пред се поради снегот нашите момци не успеаа во целост да ја развијат играта според договореното што преставуваше проблем и за домаќинит кои сепак на крајот славеа со 1:0.

По почетното испитување на силите и надмудрување на теренот се обидовме од далечина да го изненадиме голманот на Тиквеш но ударите на Мартин Ѓоргиевски и Марио Врдољак  не завршија за да забележиме гол.

По нереализираните шанси, Тиквеш успеа да се консолидира и да дојдат до водствот откако Михаилов од полудесно испрати незгоден центаршут а Стоименовски  со глава го совлада Алчевски. Иако повторно ја превзедовме иницијативата на теренот сепак не успеавме да дојдеме до израмнвуање.

Нашиот тим по 15 кола се наоѓа на 6 позиција со 19 бода колку што има и Тиквеш. Следното коло на 29 според програмата го пречекуваме тимот на Брегалница од Штип

 

This site is registered on wpml.org as a development site.