„Ние сме БРЕРА СТРУМИЦА“ ( WE ARE BRERA STRUMICA )- нашите првотимци ги промовираат убавините на Струмица !

Нашиот клуб ја започна кампањата ,,Ние сме Брера Струмица“ со цел да се направиме симбиоза на фудбалот со убавините на градот но и струмичани кои се препознатливи како верни навивачи но и подржувачи на спортот. За таа цел нашите првотимци – капитенот  Марио Врдољак,  Папе Оумар Сице како и младите – голманот Марко Алчевски но и Ване Крстевски и Мартин Ѓоргиевски со фотографии ги промовираат убавините на Струмица кој преставува расадник на врвни спортисти, но и град кој изобилува со голем број значајни културно историски споменици.

Со овој чекор сакаме да дадеме наш придонес кон афирмација на градот и како туристичка дестинација но и да ја презентираме струмичани кои  го сакаат и даваат поддршка на фудбалот но и спортот воопшто.  Од таа причина нашите фудбалери облечени во дресовите на клубот се фотографираа на повеќе значајни локации и преку семејството на „Брера“ имаме намера  да ги презентираме убавините на Струмица ширум Европа па и светот.

Со нашатата кампања го презентираме локалитетот „Цареви Кули“ кој преставува заштитен белег на градот- ареолошки локалитет каде се пронајдени остатоци од  праисторијата, античкиот и средновековниот период.  За богатата историја на Струмица сеуште сведочат кулите од 12 тиот век, ѕидините како и големата палета на значајни аретефакти кои се изложени во градскиот Музеј.

Ја промовираме и зградата на Општина Струмица  која почнала да се гради од 1926  до 1931  година и по својата архитектура преставува вистинско ремек дело. Станува збор за објект каде во контуинитет е сместена локалната власт која е голем подржувач на спортот. Зградата е во стилот на неокласичната архитектура со декоративни елементи кои се со изразени западно стилски вилјанија.

Врдољак, Сисе, Алчевски, Ѓоргиевски, Крстевски во зелени црни дресови  преку фотографиите потсетуваат и на големиот македонски великан Гоце Делчев кој во Струмица го има најимпозантниот споменик но и познатото струмичко корзо.

Го преставуваат и големиот плоштадот каде стои звездата на нашиот ментор, големиот Горан Пандев но и споменикот Жена под маска кој го илустрира познатиот Струмички карневал.

Потоа ја пренесуваат магијата на големиот градски парк со многу зеленило но и  спортски терени,  струмичките улици за што сите ја знаат легендарната песна „Во Струмица на улица“ како и многу други значајни културно историски споменици ….

„Ние сме Брера  Струмица“ – кампања  за градот Струмица и нејзините убавини, за струмичани кои го сакаат фудбалот и спортот, за младите да бидат  горди на своите фудбалери, кампања за заедништво и повисоки спортски резултати.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP – Belasica (Kadeti) 29 11 24
29.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Skopje 2014 21 11 2024
21.11.2024
Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.