Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост

Нашите момци славеа против  Воска Спорт во денешнниот меч на стадионот Кукуш во Турново. Тежок натпревар во кој гостите се покажаа како тврд орев и незгоден противник но херој на мечот беше Мартин Ѓоргиевски кој во судиското надополнување на натпреварот успеа да ја затресе мрежата на Воска за нови три бода и стабилизирање на седмата позиција на прволигашката табела

Инаку во текот на средбата шанси се редea на двете страни. Ние преку Ивковиќ, Руфати и Мато се заканивме а на спротивната страна Марушиќ и Барјрами но таму на виссина на задачата беше капитенот Марко Алчевски кој не дозволи Воска да го отвори резулттатот.

„Морам да им честитам на моите момци на карактерот, и за тоа што веруваа во себе. Во првото полувреме доминиравме, во второто противникот беше нешто подобар и имаше две посериозни шанси, но ние успевме да се издигнеме и да запишеме многу важни три бода за нас,, кажа стратегот Круљ

Ова е 9 победа за нас во годинашниов шампионат. Сега имаме вкупно 33 бода и се зацврстивме на седмата позиција.

This site is registered on wpml.org as a development site.