Подготвени сме за Гостивар но мора да бидеме и претпазливи – наша цел се трите бода, кажаа Валенти и Ристевски

Нашиот прв тим утре со почеток во 14 часот на СЦ„Пандев“ го пречекува тимот на Гостивар во рамките на 10 тото првенствено коло. На прес конференцијата пред мечот зборуваа Џовано Валенти и Антонио Ристевски кои најавија дека на присутната публика ќе им се оддолжат со добра игра и победа. Стратегот Валенти на прес конференцијата кажа дека е горд што е тренер во ФК Брера Струмица,  клуб кој организираше крводарителска акција и ги повика сите лубители на фудбалот што ќе бидат присутни утре на натпреварот да бидат хумани и во иднина да даруваат крв. Во однос на натпреварот утре, подвлече дека Гостивар е квалитетен тим и дека против нив мора да одиграме претпазливо.

„Гостивар одигра добар меч со Шкендија имааа шанси дури и за победа. Имаат одлични напаѓачи и контра напади. Мора да бидеме внимателни. Ние би сакале да ја имаме топката во посед колку што може повеќе да создаваме шанси но и полесно да се одбраниме. Ќе мора да внимаваме на нивните брзи контра напади, затоа по секоја изгубена топка ќе мора веднаш да ја добиеме за да не дозволиме гостите да напаѓаат и да го диктираат темпото“ рече тренерот Валенти

Запрашан каква е состојбата кај тимот откако неколку меча се без победа тој подвлече дека кај фудбалерите владее позитивна атмосфера која е евидентно на тренинзите но и по секој не добиен натпревар.

,, Не сме среќни кога губите но не се предаваме. Во тимот владее добра атмосфера пред се на тренинзите. Директорите се уверија во тоа откако беа и на тренинзите во Турново. Многу ми е жал што последните два меча не успеавме да ги добиеме и правев доста анализи зошто и како се случи да завршат со веќе постоечките резултати. Сега во мислите ни е мечот со Гостивар, имаме ентузијазам и позитивна енергија за нови добри резултати“ рече Валенти

Дефанзивецот Александар Ристевски подвлече дека ќе дадат максимум на утрешниот меч. Изминатата недела работеле на отстранување на слабостите .

„ Утре  е натпревар кој ни е доста важен. Спроед мене мора да се оди на три бода и сите играчи тоа мора да го знаат. Мора да има борба за секоја топка да се остави срцето на теренот и да има пожртвуваност. Тоа во ветуваме утре и верувам дека ќе славиме“, рече Ристевски

This site is registered on wpml.org as a development site.