Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Вардар/28.04.2024/Стадион Кукуш Турновоmk

Познат распоредот на мечевите за Брера Струмица од третиот круг од Прва МФЛ

Третата фаза од првенството нашиот тим ќе ја започне со две гостувања едно по друго. Вака посака официјалниот распоред за остатокот од Првата фудбалска лига кој денеска е објавен откако се комплетираше 22 првенствено коло.  Нашите момци веќе во недела (10 ти март) му гостуваат на Шампионот Струга Трим Љум додека на 16 ти во рамките на 24 коло на Силекс во Кратово.

25 тото коло играме дома со Работнички, па му гостуваме на Тиквеш по што ќе го угостиме тимот на Воска Спорт а ќе патуваме кај Гостивар. Во рамките на 29 то коло го пречекуваме Вардар а во 30 тото гости ќе и бидеме на Шкендија. Последните три кола од првенството се соочуваме со штипска Брегалница на свој терен, со Шкупи во гости и за крај со Македонија ЃП пред своја публика.

На 19 ти мај треба да заврши првенството по што ќе биде познат новиот шампион, екипите кои ке настапат во Европа но и оние кои ќе се преселат во Втора лига но и екипите кои ќе играат бараж за опстанок во елитата.

Еве го распоредот за третата фаза

 

 

 

 

This site is registered on wpml.org as a development site.