Претседателот Горан Пандев повторно го облече дресот на Интер и загира против ветераните на Грузија

Нашиот претседател Горан Пандев денеска поворно го облече дресот и заигра за Интер со кого го оствари најголемиот успех освојувајки ја Лигата на Шампионите во 2010 година. Пандев беше дел од легендите на Интер кои настапија на ревијалниот натпревар против селекцијата на Грузија составена од поранешни фудбалери од оваа држава.

,,Тоа беше средба видување натпревар полни со емоции, возбуда, адреналин, сеќавања. Да се видиш со колегите после толку години и повторно да заиграш во тој дрес за мене беше чест. Два дена фантастични и навистина беше многу интересно и забавно. Се потсетивме на многу работи а она што не изненади сите нас што сакаваме да победиме по секоја цена против ветераните на Грузија“ вели Пандев

Тој во Батуми Грузија повторно се виде со добар дел од познатите имиња на Интер како што се голманите Жулио Цезар и Себасстијан Фреј, одбрамбените Хавиер Занети и Марко Матераци, играчите од средниот ред  Луис Фиго, Весли Снајдер и Естебан Камбијасо но и Диего Милито,  Давид Суазо и Родриго Паласио. На спротивната страна во селекцијата на Грузија беа Кака Каладзе, Шота Арвеладзе итн

,, Се интересиравме каде сме, што работиме, кои ни се плановите. Пријатно ме изненадија одредени колеги што знаат за Брера Струмица и ме прашаа како се движиме, каков е потенцијалот на нашиот клуб и каква е стратегијата во наредните години. Морам да признам дека чувството овие два дена во овде во Грузија беше навистина одлично,, ни кажа Горан Пандев

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP – Belasica (Kadeti) 29 11 24
29.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Skopje 2014 21 11 2024
21.11.2024
Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.