Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Против Тиквеш одиме по поволен резултат иако две недели бевме некомплетни на тренинзите !

По пауза од две недели заради репрезентативните настапи,  викендов продолжуваат натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. Нашиот тим повторно гостува во Кавадарци кај Тиквеш, против кого во првата фаза на свој терен славевме победа а во Купот на гостински терен бевме елиминирани . Стратегот Валенти најави дека во Кавадарци ќе се патува по поволен резултат иако за време на паузата од неговиот табор отсуствуваа дури девет фудбалери во настапите за селекциите на Македонија до 21 и 19 години.

,,Горди сме што имаме млади репрезентативци но во изминатиот период беше тешко да се тренира и да се концепира играта . Сепак успеавме за кус временски период да ја изменаџираме ситуацијата. Секако дека идејата ни е да славиме но треба да ги видиме фудбалерите кои настапуваа во репрезентациите и да одлучиме со кои стартни 11 ќе излеземе на теренот. Се подготвуваме за натпреварот и имаме две сценарија на игра, во зависност од подготвеноста и состојбата со младите играчи кои отсуствуваа од тренажниот процес“, кажа Валенти

Од екипата отсуствуваше првиот наш голман Марко Алчевски. Но тој смета дека утре целиот тим ќе даде се од себе за да се продолжи започнатото со Струга, посебно против Тиквеш кој не исфрли од КУП натпреварите

,,Ќе биде тешко утре во Кавадарци, но убеден сум дека сите од нас ќе го дадат максимумот за да извлечеме добар резултат. По добрата игра и победата над шампионот Струга, се врати самодовербата кај нас и постои желба за докажување од натпревар во натпревар. Тиквеш ни е должник за елиминацијата од Купот,, кажа голманот Алчевски

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.