Првиот тим на Брера Струмица утре му гостува на Шкупи во Скопје

По пауза од две недели, сениорите на нашиот ФК утре му гостуваат на Шкупи во Скопје. Станува збор за натпревар од седмото првенствено коло во кој нашиот тим ќе се обиде да се врати на победничките патеки. На денешната прес конференција стратегот Џовани Валенти кажа дека ќе биде многу тежок наптревар имајки во предвид дека дури 14 млади фудбалери на кои смета стручниот штаб за првиот тим беа со репрезентацијата и не беа дел од миниподготвителниот период со својот матичен тим

,,Нè очекува многу тежок натпревар против одличен противник. Ни недостигаа неколку првотимци, па паузата ја искористивме за да исправиме некои грешки во играта. Мислам дека сега ќе играме уште подобро.  Уште не знам со кој тим ќе се спротиставиме, но горди сме што младите фудбалери играат за репрезентацијата. Имавме четиринаесет млади фудбалери повикани во сите младински категории и мојот сон е некој од нив да заигра за сениорскиот тим. Го респектираме многу Шкупи, но најбитно е како ние ќе изгледаме и да покажеме на терен тоа што го работиме на тренинг“, рече Валенти.

На прес конференцијата зборуваше и Ѓорѓе Јанкулов кој подвлече дека атмосферата во тимот е на високо ниво и сите се максимално подтовени за предизвикот наречен Шкупи.

This site is registered on wpml.org as a development site.