Реми против Силекс од Кратово и нов освоен бод за врвот на табелата

Нашите фудбалери попладнево на теренот на СРЦ Пандев во Струмица не успеа да слават против Силекс од Кратово кој се покажа како доста незгоден противник.  Мечот од осмото првенствено коло со кратовчани заврши без победник 1:1, така што и двата тима освоија по еден бод со кој останаа на врвот на прволигашката табела.

Гостите поведоа со 1:0 во 25 минута преку Марко Ѓоргиевски откако Матеј Цветановски и  Христијан Малески не успеа да го отворат резултатот.  До крајот на првото полувреме избраниците на Џовани Валенти се обидуваа да дојдат до израмнување но  обидите не вродија со плод.

Второто полувреме го почнавме далеку поофанзивно откако беше сменета формацијата. Постојано притискавме пред голот на Силекс но нашиот тим не успеа да го проби бедемот на кратовчани. Казната ќе беше уште поголема откако голманот Марко Алчевски успеа да се извади за направениот прекршок и одбрани пенал на Анѓелески.

Од 60 тата минута имавме и играч повеќе на теренот по исклучувањето на Ристевски, но радоста дојде дури во 76 минута  откако нововлезените Ване Крстевски добро центрираше а Димитар Трајков со глава ја смести топката во противничкиот гол.

До крајот на средбата имавме целосна доминација. Ги редевме шансите но остана нерешениот резултат со кој освоивме бод на своето конто со кој сега имаме вкупно 1 бода и сме на третата позиција заостанувајки 2 од лидерот Шкенијда и 1 од Шкупи

This site is registered on wpml.org as a development site.