Само бод во дуелот со штипска Брегалница

Нашите првотимци освоија бод во дуелот со Брегалница од Штип, која успеа да се одбрани на стадионот Кукуш во Турново.  Иако постојано игравме на половината на гостинскиот состав, не успеавме притисокот да го крунисаме со победа и три бода за сигурен финиш во првенството.  Гостите успеа да постигнат гол кој е под сомнитени околности, бидејки беше изведен слободен удар без да биде даден знак или се слушна свирчето паралелно со шутот заради што нашите играчи чекаа разврска а пак гостите го искористија за гол уште во раната фаза од мечот. Иако нашите фудбалери негодуваа сепак остана признат голот за Брегалница.

Во продолжението од мечот нашиот тим беше доминантен. Се играше на половината на Брегалница. Драган Стојков во завршницата од првото полувреме биеше од далечина а одбиената топка ја искорисит Ивковиќ кој донесе израмнување. Во втортоо полувреме момците на Бојна Круљ повторно ја имаа иницијативата. Се редеа шансите пред голот на Брегалница. Немавме среќа а еден гол ни беше поништен заради недозволена позиција, па резултатот остана 1:1.

Нашиот прв тим до крајот на сезоната ќе гостува на Шкупи а во последното коло на свој терен го пречекуваме составот на Македонија ЃП.

 

This site is registered on wpml.org as a development site.