Се остварува најголемиот трансфер во историјата на АП Брера Струмица – Трајков од 1 јули нов играч на ФК Полисја од Украина

Димитар Трајков ќе стане нов играч на ФК ,,Полисја“ од Житомир Украинa, откако успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша преддоговорот  со новиот клуб. Трајков во редовите на ,,Полисја“ ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица.  Младиот напаѓач после направените прегледи во Украина и ставениот потпис на преддоговорот, се враќа во Струмица за да се поздрави со своите колеги и соиграчи и на 1 јули ќе се придружи на новата екипа во Украина на подготовките за новата сезона.

,, Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен  да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб.  Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“, вели Димитар Трајков

Со младиот играч во Украина е и генералниот директор на клубот Јован Симиќ кој за клупскиот сајт ги пренесе првите импресии од склучениот преддоговор за трансферот на Трајков.

,, Му честитам на Димитар Трајков, честитки и до ,,Полисја“ што ќе добие квалитетен играч за во иднина. Паралалено и честитки и за рекордниот трансфер на клубот и сите луѓе од Академија Пандев Брера кои со својата работа помагаат на нашите млади играчи да бидат подобри и направат нови чекори во своите кариери. На лице место се уверив дека „Полисја“ е сериозен клуб со сериозен систем на работа и импозантен спортски центар чија изградба привршува и ќе биде готов наскоро. Наша цел е и понатаму да бидеме расадник на млади играчи,  да ги изградиме како спортисти на најдобар можен начин и да им помогнеме во кариерата. Со системска работа ќе дојдеме до уште подобри резултати во идина и однапред се радувам на летниот преоден рок и новата сеозна“, потенцираше Јован Симиќ.

„Полисја“ е клуб од Житомир Украина и во моментов се наоѓа на петата позиција во Украинското првенство. Има можност да оствари пласман и во квалификациите за европско натпреварување наредната сезона. Клубот гради нов спротски центар на неколку хектари, со што ќе прерасно и ќе застане рамо до рамо со најдобрите европски фудбалски клубови со услови за работа на првиот тим и младите категории.

 

This site is registered on wpml.org as a development site.