Силекс е незгоден противник но во недела одиме на победа и три бода, кажаа Валенти и Врдољак

Нашиот прв тим во недела со почеток во 15 часот игра со Силекс од Кратово во рамките на осмото првенствено коло од Првата лига. На  прес конференцијата за мечот стратегот Џовани Валенти изрази оптимизам дека може да се надигра составот од Кратово кој бодовно на табелата е веднаш зад Брера. Според него акцент треба да се даде на стопирање на нападите од контра кое е главно оружје на фудбалерите на Силекс.

,, Станува збор за тим кој голгетерски е доста расположен и головите ги реализира преку контранапади. Се надевам дека во недела ќе одиграме добро и ќе ги стопираме да не праваат брзи контри. Нашата цел е да ја имаме топката во посед и доколку ја изгубиме набрзина да ја освоиме. Се надевам дека против Силекс офанзивната линија ќе проработи и ке ја прекинеме серијата мечеви без постигнат гол. Таму ги имаме Ѓоргиевски,Трајков, Рибаудо, Галевски, Цветановски ,, рече Валенти

Капитенот Марио Врдољак ја повика публиката во недела да биде присутна на трибините на СРЦ Пандев за да даде поддршка на младите фудбалери ма Брера кои веќе силно се наметнуваат со својата игра и добиваат место во првиот тим.

,, Во просек нашата екипа е стара околу 22 години. Секогаш имаме млади фудбалери кои се жедни да се покажат. Мислам дека докажавме пред македонската јавнсот дека сме добра екипа за високи дострели. Силекс е силен тим  но ние ќе мора да уште од првата минута да ја наметнеме нашата енергија. Мора да се вратиме на победите. Ја повикувам публиката да биде присутна и заедно да славиме нова победа. Можеби сум субјективен  но играме најдобар фудбал во Македонија,, кажа Врдољак

 

This site is registered on wpml.org as a development site.