Нашиот младински состав со победа над Белградски Партизан го отвори меѓународниот турнир ,,КУП на Пријателство“ во Златибор – Србија. Момците предводени од стратешкото трио Мартин Алаѓозовски, Ѓорѓе Стојчев и Борче Постолов беа доминантни во текот на целиот натпревар и заслужено славеа со 2:1 и ги освоија првите бодови на турнирот.
Одиграа борбено, квалитетно без многу респект при што беа создадени многу шанси пред голот на Партизан. Поведовме во 19 минута преку Ѓоко Спасов а во 42 минута Марио Костов зголеми на 2:0. Белградски Партизан намали во 58 минута преку Филиповиќ. До крајот на средбата нашите момцеи креираа уште неколку шанси кои не успеавме да ги искористиме. Со ова победа значително ги зголемивме шансите за пласман во четвртфиналето а веќе утре на програмата е дуелот со Железнич