Нашите младинци славеа и над Железничар и обезбедија четвртфинале на турнирот во Златибор

Нашите младинци славеа против Железничар од Сараево – Босна со 3:1 и со две победи ја завршија групната фаза од турнирот ,,КУП на Пријателство“ во Златибор Србија.  Живко Крстев и Каменчо Андоновски беа стрелци на трите гола за нашиот тим кој веќе го сврте вниманието на сите фудбалски работници и екипи на турнирот со двете победи.

Составот кој го предводи Стојчев, Алаѓозовски и Постолов покажаа максимална посветеност на теренот и покрај заморот по вчерашниот дуел против Партизан. Одигравме борбено, сконцетрирано и постојано имавме контрола на играта и покрај обидите на босанците да дојдат до израмнуавње

Железничар го отвори резултатот во 17 минута преку Алагич. Три минути подоцна Живко Крстев израмни и ја удвои предноста за нашиот тим а во финишот Андоновски од пенал го стави конечниот резултат за пласман на нашите момци во четвртфиналето од турнирот.

Го чекаме расплетот од групата Д од каде ќе го имаме противникот во четвртфиналето а таму сите конкурираат за второто место како Осијек, Будучност и Сараево а во меѓувреме нашите момци имаат ден одмор.

БРАВО МОМЦИ

This site is registered on wpml.org as a development site.