Кире Стојанов и понатаму во дресот на Брера – договорот е продолжен на четири години

Нашиот клуб го продолжи договорот со 18 годишниот Кире Стојанов кој игра на позиција крило. Станува збор за момче кој потекнува од нашите погони а на свои 16 години го потпиша првиот професионален договор со тогашна Академија Пандев а сега АП Брера Струмица. Кире Стојанов важи за одличен талент иако пазуираше од терените заради повреда. Тој постојано е стандарден член на младинските репрезентации на Македонија. За селекциите У16, 17, 18, и 19 има повеќе од десетина настапи а има постигнувано и голови.

,, Навистина ни преставува задоволство што Кире Стојанов потпиша продолжеток на соработката со нашиот клуб и во наредните четири години бидјеки имаме многу верба во него и неговиот потенцијал. После повредата на коленото речиси година дена беше надвор од натпреварувачкиот фудбал но работеше да се врати подготвен за терените, процес во кој го следевме контуинирано како клуб. Во прашање е еден од најтелентираните играчи во историјата на Академијата и очекуваме од него многу во иднина.. Наскоро очекуваме потписи да стават и играчи од талентираните генерации 2005, 2006 и 2007 година. На подготовките со првиот тим ќе се приклучат и млади фудбалери кои ќе добијат шанса да се наметнат кај стручниот штаб. Младите фудбалери се нашето најголемо богатство на клубот и на нивниот развој и приклучување во првиот тим ќе ни биде најголемиот фокус,, кажа спортскиот директор Јован Симиќ

This site is registered on wpml.org as a development site.