Младите стопирани од Будуќност Подгорица на турнирот во Златибор во Србија

Нашите младинци го завршија настапот на реномираниот „КУП на Пријателство“ во Златибор Србија откако претрпеа пораз со 1:0 од тимот на Будуќност од Подгорица Црна Гора. Малку недостастауваше да ја поминеме и четвртфиналната пречка од овој турнир на кој учествуваа вкупно 12 екипи од просторите на поранешна Југславија.

Одигравме  квалитетно, креиравме шанси а во одредени периоди имавме и целосна доминација на теренот пред се во првото полувреме. Будуќност беше поагресивна во вториот дел од мечот кога со еден гол успеа да се пласира во полуфиналето од турнирот каде ќе игра со Ријека.

И покрај поразот во четвртфиналето,  момците на Ѓорѓ Стојчев, Мартин Алаѓозовски и Борче Постолов на овој турнир не разочараа. Против ланскиот шампион Партизан и босанскиот Железничар славевме победи а со прикажаната игра докажавме дека сме доста квалитетен млад тим и дека нашиот клуб сериозно инвестира во младинските погони.

This site is registered on wpml.org as a development site.