Тимот на Гостивар противник во осминафиналето од Купот – мечот на 25-ти октомври дома !

Нашиот сениорски состав за противник во осминафиналето на Фудбалскиот куп на Македонија  го доби тимот на Гостивар. Ова е исходот од ждрепката во ФФМ, по што се познати сите осминафинални парови за најмасовното фудбалско натпреварување во земјава. Сите останати осминафинални натпревари се закажани на 25 октомври а мечот со Гостивар ќе го играме во Струмица на теренот на СРЦ Пандев.

Екипата на Гостивар е втората пречка во нашите амбиции од Купот откако славевме против Кожуф во Гевгелија со головите на Илија Донов и Александар Ристовски. Екипата на Гостивар по осум првенствени меча во Првата лига има 2 победи и 6 пораза и се наоѓа на 11 место на табелата.

Во останатите мечеви од осминафиналето од Купот се среќаваат:

Вардар – Македонија ЃП
Брегалница – Јанг Тим Струга
Работнички – Шкендија
Пелистер – Тиквеш
Силекс – Башкими
Шкупи – Охрид
Воска – Струга Трим Љум

This site is registered on wpml.org as a development site.