Тројца наши фудбалери повикани во македонската селекција до 21 година за дуелите против Грузија и Австрија

Голманот Марко Алчевски, како и фудбалерите Ване Крстевски и  Димитар Трајков се повикани во македонската репрезентација до 21 година за престојните дуели против младите селекции на Грузија и Австрија.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година – Драги Канатларовски ќе може да смета на овие наши тројца фудбалери кои настапуваат за првиот тим на Брера Струмица оваа првенствена сезона од Првата фудбалска лига на Македонија.

Против Грузија ќе играат во рамките на четвртото квалификациско коло за пласман на ЕП 2025 во Словачка  на домашен терен и контролниот натпревар со Австрија на гостински терен.

Марко Алчевски како голман на првиот тим има одлични партии како чувар на мрежата додека Ване Крстевски има постигнато два а Димитар Трајков еден гол во досегашниот тек од првенството

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

FK AP BRERA 1 – 0 FK OHRID Pomladi pioneri 26. 20. 2025
26.10.2025
FK AP BRERA 4 – 1 FK OHRID Pioneri 26. 10 .2025
26.10.2025
Belasica 1 – 2 AP Brera regionalna liga generacija 2011/ 12 13. 10. 2025
13.10.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.