Победа над Струга Трим Љум, Рибаудо и Јанкулов за славје над актулениот првак !

Нашиот тим го прекина постот и се врати на победите откако денеска на свој терен славевме против актуелниот шампион Струга Трим Љум со 2:1. Фудбалерите одиграа одлично цел натпревар а победата ја најавија уште во првото полувреме кога Рибаудо постигна одличен гол а во финишот од првите 45 минути Јанкулов ја удвои предноста.

Одигравме без респект кон противникот, офанзивни во нападот и цврсти во одбраната. Успеавме да ја наметнеме својата игра наспроти актуелниот првак кој имаше посед на топката но не и некоја посериозна шана. Притисокот кон противничкиот гол вроди со плод уште во седмата минута кога Цветановски го проигра Рибаудо а тој успеа да го матира голманот Ќосевски

Со агресивна игра продолживме и понатаму. Цветановски и Ѓоргиевски се заканија но нивните удари или беа одбранети или надвор од противничкиот гол. Доминацијата ја крунисавме во финишот од првото полувреме кога Јанкулов по втор пат го матираше чуварот на мрежата на Струга.

Гостинскиот состав се закани во последните 20 минути кога постојано се обидуваше вистинскиот пат до голманот Алчевски кој патем имаше неколку одлични интервенции. Во 77 минута падна концентрацијата кај одбраната на нашиот тим кога Незири со глава успеа да намали на 2-1.

Иако Струга се обиде со сите сили да го израмни резултатот, сепак одбраната беше на висината на задачата со што ја зачувавме предноста за петто славје на Брера. Со ова победа сениорскиот состав има 19 бода и се држиме на петата позиција .

 

This site is registered on wpml.org as a development site.