Утре играме Куп натпревар против Гостивар и веруваме во позитивен резултат

Нашите првотимци утре против Гостивар на теренот на СЦ  Пандев во Струмица го играат осминафиналето од Купот на Македонија. Станува збро за противник од кого бевме поразени пред неполни три недели. Но сега императивот е друг – продолжување во натпреварите за освојување на КУП титулата, преку која пред неколку сезони излеговме и на европската фудбалска сцена. Стретагот Џовани Валенти признава дека Гостивар е незгоден противник но неговите избраници ќе дадат се од себе да се подобри реализацијата.

,, Знаеме дека Гостивар е одличен тим, го респектираме. Имаат голем број на квалитетни играчи. Нивните напаѓачи се многу добри.  Тие играат многу добро во одбрана и многу е тешко за нас да креираме шанса за да постигнеме гол. Во многу натпревари во лигата имаме висок процент на посесија (ја задржуват топката). Имаме шутирања, имаме по 16 пати шутирања во натпревар но ниту една чиста шанса за гол. Па, очекуваме да имаме многу тежок натпревар, се надеваме да играме со истиот интензитет како што игравме со Шкендија. Интензитет во однос на емоции, разумот но и со ист физички интензитет секако. Јас мислам дека овој натпревар ќе биде навистина добар за гледање и се надевам дека нашите луѓе ќе дојдат на стадион да не гледаат,, вели Валенти

Младиот напаѓач Ване Крстевски вели дека анализирани се грешките од претходниот натпревар со Гостивар.

,,Гостивар е добра екипа. Добро се подготвивме за овој натпревар. Куп натпреварите се различни. Ке дадеме се од себе и се надеваме на позитивен резултат. Извлековме поука од грешките од претходниот натпревар и очекувам победа“, рече Крстевски

 

This site is registered on wpml.org as a development site.