Утре во Турново против Вардар за нова победа и мирен финиш во првенството !

Нашите првотимци утре на стадионот „Кукуш“ во Турново го  играат дуелот со скопски Вардар – натпревар кој ќе биде нашиот прв билет за мирен финиш до крајот на првенството. Освен за нас, трите бода се важни и за гостинскиот состав кој исто така се бори за опстанок. Од тука мечот закажан во 16 часот во Турново е од голема важност за двата тима и несомнено сите погледи ќе бидат свртени кон овој дуел. Нашите фудбалери изминатава недела по бодот во Гостивар, интензивно се подготвуваат за наптреварот со Вардар. Бојан Круљ вели дека ги има на располагање сите играчи  и расположението за нови три бода е на високо ниво.

,, Сигурен сум дека ќе имаме тежок натпревар. Важен како за нас, така и за нив. Мислам дека ние со овој дуел, може да го решиме опстанокот во лигата, доколку освоиме нови три бода. Ќе дадеме се од себе. Она што ми е драго е што можам да планирам на сите играчи од ростерот на екипата.  За мене е важно екипата да биде дисциплинирана и да не прави многу грешки а во офанзивниот дел да бидеме опасни за противникот. Се надевам дека со таква тимска игра ќе дојдеме до нови три бода,, вели тренерот Бојан Круљ

Тој упати апел до сите лубители на фудбалот да бидат дел од големиот фудбалски спектакл во Турново. Поддршката како што кажа ќе биде доста важна за неговите избраници на теренот, бидејки се најавени и гостински навивачи. Повик до публиката да биде на трибините на стадионот Кукуш повика и Урош Стамениќ. Најави дека тој и неговите соиграчи ќе дадат максимум за победа.

,,Очекувам добар натпревар кој за нас е доста значаен, бидејки со победа за нас ќе значи исполнување на целта – опстанок во лигата, Ја повикувам публиката во што поголем број да дојде и да не подржи во недела. Ветувам добар и квалитетен натпревар во кој секој поединец ќе го даде својот максимум и ќе се обиде да се издвојува таа победа и да ја исполниме целта“, кажа Стамениќ

Мечот е закажан во 16 часот а на трибините на ,,Кукуш“ во Турново ќе има штандови, како за освежување така и за купување на бреднирани работи со логото на Брера.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Bregalnica Highlights
05.05.2024
Brera AP 6 – 1 Skendija mladincii Cela utakmica 04 05 2024
04.05.2024
Brera AP 3 – 0 Skendija kadeti Cela utakmica 04 05 2024
04.05.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.