ФК „АП Брера Струмица“ и ГФК „Тиквеш 1930“ Кавадарци со заедничко соопштение ја информираат јавноста после информациите за инцидентот помегу два фудбалери по натрпеварот од 26 коло од Првата Македонска фудбалска лига.
,,За жал вистина е дека после завршен натпревар, пред клупскиот автобус на Брера Струмица дојде до непријатна сцена, по која двајцата фудбалери даваа изјава во полиција за случајот.
Како два фудбалски клубови кои негуваат дологодишно пријателство и соработка но и како градови Кавадарци и Струмица, осудуваме било какво недолично однесување, независно дали е вербално или физичко, посебно кога доаѓа од играчи фудбалери кои мора да бидат пример на младите и сите навивачи.
Ние како учесници во најмасовниот и најгледаниот спорт, ја имаме таа привилегија но и голема одговорност кон младите за нивното формирање и разбирање на спортот и тоа мора да го разберат сите кои се дел од фудбалот во Македонија.
За жал, во денешното општество каде вербалното и физичкото насилство понекогаш го превзема приматот, сакаме преку оваа заедничко соопштение да испратиме порака за заедништво, одговорност и да се радуваме на нови спортски настани во Кавадарци и Струмица“
Со почит
ФК АП Брера Струмица