Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Старт на сезоната со победа против Вардар

Би сакале да упатиме огромна благодарност до сите посетители кои вчера присуствуваа на СРЦ ,,Пандев“ во Струмица и ја дадоа поддршката на нашиот сениорски тим во победата против Вардар од Скопје. Ваквата посетеност не мотивира во иднина сериозно да размислуваме и за поквалитетна организација и можност за поголема посетеност на нашите натпревари. Како клуб секогаш ќе се стремиме да овозможиме добри услови за сите посетители кои сакаат со фер, коректно, спортско навивање да ги бодрат актерите на теренот, за што наскоро се очекува да проработат и угостителските капацитети на СРЦ „Пандев“ кој како што е познато има ограничен број на седишта. Инвестирањето во сениорскиот тим, младинските фудбалски погони како и во спортската инфраструктура остануваат наши приоритети со надеж дека отвораме нова фудбалска страница не само во Струмица туку и во Македонија. Ве очекуваме во недела повторно на СРЦ „Пандев“ и заеднички да ја бодриме ,,Брера Струмица“ во нов успех против новајлијата „Воска Спорт“.

Најинтересните моменти може да ги погледнете на следниот линк

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.