Ристевски – Против Воска Спорт одиме на нови три бода

,,Одлично ја почнавме сезоната. Освоивме многу важни три бода и среќни сме со победата над Вардар. Сега тоа е завршено. Со мислите сега сме насочени кон следниот натпревар. Цела недела се подготвуваме за мечот со Воска Спорт. Во таборот владее одлична атмосфера за престојниот меч. Нашата цел и мисли за натпреварот со Воска Спорт се само победа и тоа со поддршка на нашата публика. Јас сум сигурен во нови три бода на нашето конто,, вели дефанзивецот Александар Ристевски за неделниот меч со почеток во 17 часот на СРЦ „Пандев“ во Струмица

This site is registered on wpml.org as a development site.