26 годишниот Матеј Цветаноски кој беше дел од нашиот тим во во втората полуетапа од последниот шампионат, повторно го ангажиравме оваа сезона и ќе го носи дресот со број 10. Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.
Минатата сезона Матеј Цветаноски за нашиот тим одигра 6 натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции. Цветановски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.
Добредојде и многу успех Цветаноски !