Матеј Цветаноски повторно ангажиран во првиот тим на ,,АП Брера Струмица“

26 годишниот  Матеј Цветаноски кој беше дел од нашиот тим во во втората полуетапа од последниот шампионат,  повторно го ангажиравме оваа сезона и ќе го носи дресот со број 10. Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.

Минатата сезона Матеј Цветаноски за нашиот тим одигра 6 натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции. Цветановски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.

Добредојде и многу успех  Цветаноски !

This site is registered on wpml.org as a development site.