Големата соул ѕвезда Џон Њуман доби дрес од „Брера Струмица“ и најави дека ќе не промовира

Нашиот клуб му додели дрес на големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман кој настапи на GetEXITed забавата во Струмица. Тој се заблагодари на гестот и најави дека во иднина ќе го промовира градот Струмица но и нашиот клуб насекаде во светот при своите настапи. Њуман спомна дека знае за нашиот претседател Горан Пандев, неговите настапи како во Италија така и за македонската репрезентација но и за инвестициите на италијанско – американскиот конзорциум Брера Холдинг во Струмица. Подвлече дека како уметник секогаш ќе го подржува спортот но и младите фудбалери.
Инаку Џон Њуман над десетина години владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои се искачија на самиот врв на водечките топ листи и со милјарда прегледи на на јутјуб каналот
This site is registered on wpml.org as a development site.