Кристијан Велиновски со трансфер во ФК „Сумгаит“ во Азербејџан

Нашиот офанзивен фудбалер – 24 годишниот Кристијан Велиновски официјално направи трансфер во ФК ,,Сумгаит“ од Азербејџан. Станува збор клуб кој се натпреварува во тамошната Прва лига и по четири првенствени кола има две победи, еден пораз и едно ремии се наоѓа на 4 позиција на табелата со меч помалку од останатите екипи. Азербејџанскиот прволигаш кој тежи околу 6 милиони евра, плати обештетување за преминот на Кристијан Велиновски во нивните редови при што се договорени и процентите за евентуалните следни трансфери за нашиот клуб.
Кристијан Велиновски во ,,АП Брера Струмица“ дојде на 16 годишна возраст во младинскиот погон. Контуинирано напредуваше со својата игра и од 1 јануари 2018 премина во сениорскиот состав. По одиграна една полусезона за нашиот тим беше даден на заем на Штипска „Брегалница“ на една година. Велиновски кој беше стандарден првотимец, за шестте натпреварувачки сезони во Првата лига во дресот на Академијата сега „АП Брера Струмица“ има одиграно 113 првенствени и КУП натпревари при што постигна 15 гола а имаше и 14 асистенции.
This site is registered on wpml.org as a development site.