Нашиот клуб склучи професионален договор со 18 годишниот Никола Талевски кој е дел од младинските погони на „АП Брера Струмица“ од 2020 тата . Станува збор за млад надежен фудбалер кој игра во нападот а изминативе три години беше дел и од младинските репрезентации на Македонија до 16 и 17 години.
Талевски кој е роден во Прилеп, за клубот ,,АП Брера Струмица“ потпиша договор во времетраење од четири години со што ќе добива третман како професионален фудбалер. Ова значи дека се отвора простор за поголема минутажа и можност за напредок и докажување на фудбалските терени.
Со ова потврдуваме дека сме клуб кој дава простор на младите фудбалери и клуб кој има едeн од најпрогресивните младински погони не само во земјава туку и пошироко. Во наредниот период очекуваме професионални договори да склучиме и со други млади фудбалери кои сериозно чукаат на вратите за првиот тим.