Нашиот прв тим се збогува со КУП натпреварувањето откако денеска во Кавадарци претрпевме пораз од Тиквеш дури во втората серија пенали. Регуларниот дел од натпреварот заврши 1:1. Во првата серија на пенали резултатот беше 3:3 но во продолжението на наизменично изведување пеналите Мартин Ѓеоргиевски не погоди со што крајниот резултат беше 6:5 за Тиквеш од Кавадарци
Дождот кој паѓаше како и лизгавиот терен не дозволи атрактивна игра но сепак нашиот тим преку Матеј Цветановски дојде до предност и водство по првото полувреме. Водство имавме само 7 минути од второто полувреме кога словенецот Куреж израмни на 1:1
Тоа беше и конечниот резултат при што се пристапи на изведување на пенали. Во првата серија двајца фудбалери од нашит тим не реализираа но се вративме во игра откако Марко Алчевски одбрани пенал а еден не реализираа. Крајниот епилог беше 3:3 по што почна рулетот еден за еден. По два реализирани пенала, во третата серија домакините постигнаа а Мартин Ѓоргиевски не успеа да го надмудри голманот Димовски на Тиквеш кој се пласираше во полуфиналето од КУПОТ