Утре во Кавадарци против Тиквеш за пласман во полуфиналето од Купот

Сениорскиот состав на Брера Струмица утре во Кавадарци го игра четвртфиналниот меч од Купот на Македонија. Противник е тимот на Тиквеш со кого на стартот од тековната првенствена сезона славевме со 2:0. Според стручниот штаб, ни најмалку нема да биде лесно утре на стадионот во Кавадарци имајки во предвид поддршката што ќе ја имаат фудблерите на Тиквеш кои од натпревар во натпревар играат се подобро.

,,Мислам дека се докажаа доста во текот на сезоната, тие се добар тим, ги гледавме нивните изминати натпревари против Гостивар исто и против Силекс, играат со многу добар фудбалски стил ,се докажаа во тоа период конретно од нашиот натпревар и последниот во лигата.  Ќе биде тешко бидејќи знам дека условите во Кавадарци не се баш лесни.  Може да биде многу добар предизвик за нас и се надевам всушност сигурен сум дека ќе настапиме со најдобар однос за да го добиеме натпреварот„ потенцираше стратегот Џовани Валенти.

Како што подвлече тој, полека се враќа самодовербата кај нашите фудбалери и од натпревар во натпревар се повеќе се жедни за докажување но и позитивни резултати.

„Мислам дека се докажаа доста во текот на сезоната, тие се добар тим, ги гледавме нивните изминати натпревари против Гостивар исто и против Силекс, играат со многу добар фудбалски стил ,се докажаа во тоа период конретно од нашиот натпревар и последниот во лигата.  Ќе биде тешко бидејќи знам дека условите во Кавадарци не се баш лесни.  Може да биде многу добар предизвик за нас и се надевам всушност сигурен сум дека ќе настапиме со најдобар однос за да го добиеме натпреварот“, смета Валенти

Дека постои оптимизам за добар резултат и пласман во полуфиналето потенцираше и Иван Галевски. Според него утре против Тиквеш нема да биде лесно но кај сите фудбалери има желба да се постигне победа за пласман во полуфиналето од КУПОТ.

This site is registered on wpml.org as a development site.