Не обезбедивме полуфинале од Купот, во пенал драмата немавме среќа

Нашиот прв тим се збогува со КУП натпреварувањето откако денеска во Кавадарци претрпевме пораз од Тиквеш дури во втората серија пенали.  Регуларниот дел од натпреварот заврши 1:1. Во првата серија на пенали резултатот беше 3:3 но во продолжението на наизменично изведување пеналите Мартин Ѓеоргиевски не погоди со што крајниот резултат беше 6:5 за Тиквеш од Кавадарци

Дождот кој паѓаше како и лизгавиот терен не дозволи атрактивна игра но сепак нашиот тим преку Матеј Цветановски дојде до предност и водство по првото полувреме. Водство имавме само 7 минути од второто полувреме кога словенецот Куреж израмни на 1:1

Тоа беше и конечниот резултат при што се пристапи на изведување на пенали. Во првата серија двајца фудбалери од нашит тим не реализираа но се вративме во игра откако Марко Алчевски одбрани пенал а еден не реализираа. Крајниот епилог беше 3:3 по што почна рулетот еден за еден. По два реализирани пенала, во третата серија домакините постигнаа а  Мартин Ѓоргиевски не успеа да го надмудри голманот Димовски на Тиквеш кој се пласираше во полуфиналето од КУПОТ

This site is registered on wpml.org as a development site.