Сениорскиот состав на Брера претрпе минимален пораз во претпоследното есенско коло од Првата фудбалска лига на Македонија . На гостувањето кај Работнички загубивме со 1:0 откако Нахуел Исмаил Франко во 53 минута доби црвен картон заради прекршок на противнички фудбалер во напад.
Во првото полувреме бевме рамноправен противник со домакините и ги затворивме сите приоди кон нашиот гол. Во второто полувреме исклучувањето на Франко го наруши концептот на игра и казната стаса во 70 минута кога Адем искористи еден отпадок топка и ја смести во мрежата на Алчевски.
По поразот од Работнички паднавме на 8 позиција со вкупно 20 бода. Следното коло на домашен терен го пречекуваме тимот на Шкупи престојниот викенд