ФК Брера Струмица со поддршка на лицата со Даун на манифестацијата „Убави сме, свои сме“

Управата, стручниот штаб и дел од фудбалерите на „Брера Струмица“ дадоа поддршка на седмото по ред издание на манифестацијата ,,Убави сме, свои сме“ што го организира Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица. Бевме присутни во Центарот за култура Антон Панов каде ги бодревме лицата со Даун но и со други потреби кои беа вистински манекени и манекенки на импровизираната мода писта во големата сала. Тие презентираа модни креации од домашни и странски креатори а на пистата излегуваа во соработка на јавни личности од општина Струмица.

„ Како клуб сакаме да бидеме дел од заедницата и да шириме позитивна енергија но и да подадеме рака тогаш кога е најпотребно. Со нашето присуство отворено ја искажуваме нашата подготвеност за поголема инклузивност на овие лица во општеството и со нив да бидеме секој ден не само кога се одбележуваат деновите посветени за нив“ соопштија од управата стручниот штаб и фудбалерите на клубот кои беа присутни на манифестацијата

Ова не првпат како Брера Струмица дава поддршка на локални манифестации. Ние како клуб неодамна  во интерес на доброто на заедницата инициравме и организиравме крводарителска акција на која голем број струмичани ја даруваа својата драгоцена течност со што спасивме нечиј човечки живот.

 

This site is registered on wpml.org as a development site.