Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Добра игра на нашите момци против Верес од Украина во првата контролка во Анталија (ВИДЕО)

Нашата екипа кој замина за Анталија  на подготовки, го одигра првиот од четирите планирани контролни натпревари во Турција. Се соочивме со екипата на Верес од Украина од која претрпевме пораз од 3:2 во натпревар во кој резултатот  беше во втор план наспроти играта.

Нашите момци во мечот со украинскиот состав одиграа борбено при што покажаа желба за докажување на теренот но и повеќе одлични акции за освојување на топка и доминација на теренот со акцент на тимската игра.

Противникот го отвори резултатот уште во 6 минута по изведен корнер. Во 28 по контра зголемија на 2:0.  Во 36 минута нашите момци намалија на 2:1 откако по левата страна имавме центаршут а Даниел Миловановиќ со глава ја смести топката во мрежата на Верес, резултат со кој заврши првото полувреме. Во второто полувреме украицните во 61 минута зголемија на 3:1 а 8 минути подоцна младиот 17 годишнниот Давид Ристовски се запиша како стрелец за конечните 3:2.

Со оглед дека станува збор за прв контролен меч, стратегот Бојан Круљ даде шанса на сите фудбалери од тимот за да ја види нивната подготвеност и пристапот во играта на Брера. Во недела го имаме вториот контролен тест против Черноморец Одеса

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.