Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Беса 1976/23.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Против Верес покажавме добра игра – вели младиот Давид Ристовски кој постигна гол !

На мечот против украинскиот состав Верес, стратегот на на нашиот клуб Брера Бојан Круљ дозволи шанса и на младите играчи. Истата максимално ја искористи младиот 17 годишен Давид Ристовски кој во 69 минута постигна гол. Тој вели дека  атмосферата е одлична, добро се работи и дека ФК Брера дава шанса на сите млади играчи да се докажат во кои максиално се вложува и професиоанлно се работи.

Тој мечот со украинците го виде како шанса да се докаже и тврди дека иако Верес физички беше подоминантна на теренот сепак како тим  покажавме добра игра.

,,Тренинзите поминуваат во најдобар ред се работи во полна пареа. Мечот против украинците го видов како шанса да се докажам иако тие беа физички надмоќни сепак покажавме добра борба и одигравме добар натпревар. Во Брера јас и сите помлади играчи  добиваме шанса . Задоволен сум како се работи, атмосферата меѓу играчите е прекрасана и се надеваме на поголем успех. Пролетниот дел секако дека ке биде тешко, но се надевам дека ке одиме кон врвот на табелата“, кажа Ристовски

Утре нашиот тим кој се наоѓа на подготовки во Анталија игра против Черономорец Одеса.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera vs Voska Sport Higlights
20.10.2024
Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Пораз во Скопје од Шкупи – немавме сила за ново реми
05.10.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.