Пораз од Черноморец Одеса во втората контролка иако покажавме добра и цврста игра

Нашите првотимци кои се на подготовки во Анталија денеска се соочија со Ченоморец Одеса во рамките на вториот контролен меч за пролениот дел од првенството од кој претрпивме пораз со 3:1.  Како и против дуелот со Верес така и против Черноморец Одеса фокусот ни беше играта и увид на индивидуалните перформанси на играчите, заради што, сите фудбалери добија шанса во мечот со Украинците.

Покажавме цврста и добра игра, се обидовме да реализираме одредени акции поставени од стручниот штаб наспроти Черономорец кој наметна офанзивна игра. Уште во втората минута нашите момци го отворија резултатот. Голот го постигна  Ибрахим Олаосебикан но Украинците до крајот на полувремето израмнија преку Васиљев. Во второто полувреме противникот ги постигна конечните 3:1.

Според порграмата во вторник играме со екипата на Рух од Полска а контролките во Турција ќе ги заокружиме со Атурај од Казахстан.

This site is registered on wpml.org as a development site.