Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Македонија ЃП/19.05.2024/Стадион Кукуш Турновоmk

Пјерлуиџи Галопи: Брера Струмица добро работи, функционира и следните сезони очекувам европски настапи

Деновиве во посета на „Брера Струмица“ престојуваше генералниот директор на “Брера Холдинг“ г-н Пјерлуиџи Галопи кој изрази задоволство од поставеноста, функционирањето и работата на нашиот клуб, кој  лани беше превземен од холдингот. Тој заедно со претседателот Горан Пандев го следеа мечот против Гостивар во кој освоивме бод, доста важен за нашата цел оваа сезона. Пјерлуиџи Галопи потенцираше дека клубот во првата сезона оди во вистински правец. Како што кажа поставени се темелите во сите погледи како цврста основа за високи клупски дострели со текот на годините. Токму во тоа се уверил со неговото доаѓање во Струмица кој според него е позитивен фудбалски град.

,,Ова е втор пат како сум овде во Струмица и повторно сум пријатно изненаден од гостопримливоста и позтивната енергија која ја има градот и жителите овде. Мислам дека одлично сме прифатени во ова прва сезона и полека ја исполнуваме целта за почетно позиционирање на фудбалската карта во Македонија.  Од следната сезона очекувам Брера Струмица да биде на европската фудбалска карта да настапува во евро куповите и да гради квалитетни фудбалери“, беше дециден Пјеруиџи Галопи за сајтот на Брера Струмица

Нашиот клуб од минатата година е дел од Брера Холдинг чија задача е градење мрежа на спортски клубови. Со влегувањето на компанијата во Струмица се очекува ширење на  брендот БРЕРА не само во  Европа туку и во другите континенти со цел развој  на нови фудбалски центри.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera Highlights
13.05.2024
Brera AP 7- 0 Skupi Mladinci cela utakmica 12 05,2024
12.05.2024
Brera AP 6 – 0 Skupi Kadeti cela utakmica 12 05,2024
12.05.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.