Крилниот играч Марјан Ристовски следната натпреварувачка сезона ќе го облече дресот на Брера Струмица. Управата на нашиот клуб и овој 27 годишен фудбалер се договорија да биде дел од нашиот тим и со стартот на подготовките за новата сезона, Ристовски ќе бидена располагање на нашиот стручен штаб предводен од Бојан Круљ.
Марјан Ристовски потекнува од Гевгелија а во својата кариера има настапувано за повеке македонски клубови. Тој во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.
Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.
,,Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, кажа Ристовски